Оштетен авионот на Владата на Црна Гора, нема повредени

1 min read

Авионот на Владата на Црна Гора беше оштетен синоќа на аеродромот во Подгорица. Во инцидентот, што се случи околу 22 часот, нема повредени, јави РТЦГ.

Непосредно пред инцидентот, државни службеници и членови на делегацијата се симнаа од авионот.

На владиниот авион, како што се наведува, најверојатно се скршила опремата за слетување.

За настанот беа известени надлежните органи, кои ќе спроведат истрага за тоа како и зошто настанал инцидентот.

Во авионот беше делегацијата предводена од претседателот на Собранието, Алекс Бечиќ, која учествуваше на Самитот на претседатели на парламентите на Западен Балкан, во Љубљана, пишува „Вијести”

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вујовиќ: Вардар дома може да победи секого со помош на навивачите, па и Алборг 

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Дуа Липа „заплива“ во манекенски води: Sвездата заблеска на ревијата на Версаче

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian