Операција „Мусала“: Разбиен балкански нарко картел, уапсен клучен член

2 mins read

Во меѓународната операција „Мусала“, разбиена е една од најсилните криминални групи, откако биле ставени лисици на главниот логистичар и сметководител на кланот. 

Црногорскиот државјанин кој живее во Нови Сад, Небојша П. (50), познат како Небо, е еден од уапсените во полициската акција „Мусала“ против балканската мафија, во која се вклучени осум земји, меѓу кои и Србија.  

Освен за трговија со дрога, постои сомневање и за перење пари, со купување фудбалери.  

„Криминалната група не тргувала само со дрога, тие исто така извршиле и други кривични дела, кражби, перење пари, изнуда, киднапирања и убиства. Колумбиската полиција има и докази дека купувала и продавала фудбалери ширум светот, со цел парите заработени од кокаин да ги стави во легални канали. Токму оваа активност им помогна на истражителите, бидејќи беше следена трага од пари од продажба на играчи“ објави шпански Еј-Би-Си.ес, без да наведе за кои фудбалски трансфери станува збор.  

Според полицијата, Небојша П. често патувал во Србија и практично командувал со кланот.  

„Неговата работа беше да обезбеди пристигнување на кокаин од Јужна Америка, преку Шпанија, во Европа. Беше регистрирано дека тој ги посетил Мадрид, Барселона и Малага во претходните месеци, пред да отпатува во Јужна Америка. Беше снимен состанок на отворено море, на кој беа договорени детали за тој товар, и по сите преговори оваа година, тој во јануари отпатува за Доминиканска Република, потоа во Европа, а потоа во Дубаи со главниот шеф“ открија истражителите.  

Небојша бил уапсен во стан во Тарагона, каде престојувал некое време. Штом ја слушнал полицијата, тој го преполовил мобилниот телефон и го фрлил низ прозорецот.  

Во акцијата повеќето луѓе се уапсени во Словенија. Меѓу уапсените (61), не е и организатор на групата, за кој се верува дека го води бизнисот од Дубаи.  

Иако не го објавија неговото име или прекар, се верува дека станува збор за мистериозниот Тито, кој наводно е Србин и е главниот преговарач помеѓу клановите и нарко картелот. Според информациите објавени од шпанските медиуми, Тито успеал да го сокрие својот вистински идентитет дури и од агентите на американската ДЕА. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заврши евро-приказната и за кошаркарите на Куманово

Следно

ВИДЕО| Хорор на бензинска: Маж со нож нападна човек

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian