Нова студија: Ова се несаканите ефекти од третата доза вакцина против ковид-19

1 min read

Според најновото истражување на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, во кој биле следени 306 луѓе кои ја примиле третата доза на вакцината „Фајзер“, може да се заклучи дека несаканите ефекти по третата доза биле многу слични со оние по втората доза од вакцината против ковид-19, пренесе Индекс.хр.

Имено, најчестите несакани ефекти биле замор, главоболка и болка во раката на местото на инјектирање. Според искуството на испитаниците, овие симптоми обично траат еден или два дена. Исто така, кај дел од вакцинираните испитаници, се јавила и болка во мускулите или зглобовите, но и покачена телесна температура.

Истражувањето покажало дека отечени лимфни јазли на пазувите е почеста појава по третата доза на вакцината, споредено со втората доза.

Директорката на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски изјавила дека извештајот покажува дека „граѓаните добро ја поднесуваат“ дополнителната, трета доза.

– Несаканите ефекти беа слични на оние по втората доза на вакцината и беа главно благи или умерени и краткотрајни, додаде Валенски.

Шведска од првиот ден на пандемијата води иста политика, нејзините резултати далеку подобри од тие на ЕУ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ДЕБАТА НА ТВ 24 ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ: КОИ ГРАДЕЖНИ КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ ГИ НУДАТ КАНДИДАТИТЕ?

Следно

Предизборно планинарење: Ахмети, Арифи, Груби, Бесими, Бектеши и Нуредини се искачија на Шар Планина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian