Навални повторно е обвинет за екстремизам

2 mins read

Лидерот на руската опозиција Алексеј Навални и неколку негови блиски соработници повторно се обвинети за екстремизам и може да добијат долгогодишни затворски казни, изјавија руските обвинители, по неколкумесечна репресија од неговото движење, пренесува ТАС. 
 
Според Истражниот комитет, кој спроведува големи кривични истраги во Русија, Навални и неговите соработници се обвинети за „основање и водење екстремистичка организација“, која повика на „промена на власта со насилство“ од 2014-та до 2021-та година.

Организациите на Навални беа забранети за екстремизам во јуни, пред изборите на 19-ти септември.  Партијата „Единствена Русија“ на Путин победи на изборите, а радикалната опозиција не смееше да учествува. 

Нелегални протести

Целта на новата кривична истрага се двајцата најблиски соработници на Навални, Иван Жданов и Леонид Волков, кои со месеци живеат во егзил, како и многу други противници на Путин.

Предмет на истрагата е и Љубов Собол, друг соработник на Навални. 

Руските власти ги обвинуваат дека тие сакаат „да ги дискредитираат државните органи и нивната политика, да ја дестабилизираат ситуацијата во регионите, да ја разбудат желбата за народни протести и да ја убедат јавноста во потребата да се промени власта со насилство“.

Нелегалните протести што ги организираа служеа како „повици за екстремистички и терористички акти“.

Доколку бидат осудени, Навални, Жданов и Волков се соочуваат со казна затвор од 6 до 10 години, а други како Собол од две до шест години. 

Русите смислија нова казна за Навални: Осум часа гледање режимски емисии

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведен разбојник во Скопје, извршил грабеж во маркет

Следно

Денвер ги чува ѕвездите, Портер доби 207 милиони долари со новиот договор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian