МК ТВИТЕР ЗАЕДНИЦАТА НЕМИЛОСРДНА КОН АРСОВСКА: БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ? ОД ТЕЛОХРАНИТЕЛИТЕ НЕ МОЖЕ ДА ЈА ВИДИ РЕАЛНОСТА!

3 mins read

Не стивнуваат коментарите на социјалните мрежи по помалку несмасното ветување дадено од страна на „независната“ кандидатка за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, за бесплатен јавен превоз.

Иако не објаснува од каде ќе најде средства и на кој начин ќе се реализира бесплатниот јавен превоз, Арсовска во своето ветување кон гласачите објаснува дека вакви решенија има досега во Франција, каде во повеќе од 30 општини тоа веќе функционира. Во 2013 година во Естонија, Талин стана првиот главен град на ЕУ што направи промена, а минатата година Луксембург, со население од 626.000 жители, стана првата земја што понуди тотално бесплатен јавен превоз.

Ова започна бура од реакции на социјалните мрежи, особено кај МК Твитер заедницата, каде речиси секоја минута излегува по некој нов твит со прашање и коментар за бесплатниот јавен превоз.

„А Данела да вети бесплатна струја, вода и интернет?“, вели еден твитерџија. Друг пак нагласува дека „веќе почнале глупавите ветувања“, со дополнително прашање кој ќе го плати бесплатниот јавен превоз.

Од ЈСП велат дека според грубата пресметка, јавниот превоз во Скопје ги имал следниве месечни трошоци, ако како репер се земе 2019-та година, вкупните месечни трошоци биле околу 2,3 милиони евра, а вкупните годишни трошоци биле над 27 милиони евра, додека вкупните годишни приходи од продажба на билети биле околу 9 милиони евра.

Ако се воведе бесплатен јавен превоз, со нови автобуси, со нови автобуски линии, и без билети, за да биде функционален, градот Скопје ќе банкротира уште во првата година. Ако се воведе пак бесплатен јавен превоз без зголемување на капацитетите, јавниот превоз ќе биде нефункционален и комплетно блокиран во поголем дел од денот, а градот Скопје ем ќе нема добар јавен превоз, ем ќе банкротира за еден мандат.

Од причина што кандидатката Данела Арсовска, не одговара на новинарските прашања, дилемите на Твитер заедницата, но и на секој разумен граѓанин на Скопје е тоа кој ќе всушност ќе го покрие тој бесплатен јавен превоз за сите и на кој начин. Арсовска должи издржани и рационални одговори за тоа дали ќе се зголемат даноците на граѓаните, дали ќе се задолжи во некоја финансиска институција или пак ќе им плаќа билети на граѓаните од сопствен џеб.

Непознавањето на состојбите и игнорантскиот однос на Арсовска, со паушални и неиздржани ветувања за Скопје и скопјани, не се ништо повеќе освен собирање поени во пресрет на претстојните локални избори, закажани за 17-ти октомври.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

САД ги укинуваат визите за хрватските граѓани

Следно

Вработени во СЗО обвинети за силување во Конго

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian