Леброн Џејмс пред десет години размислувал да ја напушти НБА и да го смени спортот

1 min read

Ѕвездата на ЛА Лејкерс и на НБА лигата, Леброн Џејмс за време за НФЛ натпреварот помеѓу Далас каубојс и Филаделфија иглс, откри досега непознат податок, дека малку фалело во 2011 година да ја напушт кошарката и да го смени спортот и да заигра токму во НФЛ лигата.

Во тоа време, во НБА беше на сила локдаунот, односно не се играа натпревари бидејќи сопствениците на клубовите и Унијата на кошаркари не можеше да се договори околу колективниот договор, а Џејмс добил понуди од газдата на Далас, Џери Џонс и од главниот тренер на Сиетл сихокс, Пит Керол.

– Првиот човек на Далас ми понуди конкретен договор, а истото го стори и тренерот на Сиетл, Керол. Без заинтригиран, а крвта почна да ми врие и сериозно почнав да размислувам за понудите, но набрзо потоа дојде до договор во НБА и повторно бев на паркетите – изјави Леброн Џејмс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џафери: Анкетна комисија за пожарот во Тетово откако ќе заврши истрагата

Следно

Стефановиќ: Српската војска не влезе никаде каде што не треба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian