ИН МЕМОРИАМ: Почина доајенот на македонската современа скулптура, Драган Попоски – Дада

1 min read

Еден од основачите на македонската скулпторска уметност Драган Попоски-Дада почина на 88 години, во Скопје.

Министерката за култура Ирена Стефоска упати телеграмата со сочувство до семејството на Драган Попоски-Дада.

-Творештвото на големиот човек, педагог и модерен уметник, Мајсторот кој го обликуваше прилепскиот „сивец“ во минијатурни или монументални дела, кои остануваат непроценливо наследство за современата македонска уметност, одбележувајќи еден значаен период во развојот и афирмацијата на современиот македонски скулпторски израз,  стои во телеграмата со сочувство.

Попоски-Дада е роден во Прилеп, 1933 година, а Академија за ликовни уметности (1961) и постдипломски студии (1964) завршил во Белград. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Од 1965 година реализирал повеќе самостојни изложби и учествувал на бројни групни претставувања во земјава и во странство. Автор е на повеќе монументални дела и е добитник на повеќе награди, меѓу кои во 1981 година највисоката републичка награда „11 Октомври”.

Неговата последна изложба беше во 2018 во Даут пашин амам.

http://kultura.gov.mk/

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Дуа Липа „заплива“ во манекенски води: Sвездата заблеска на ревијата на Версаче

Следно

Градот Скопје ќе банкротира со бесплатен јавен превоз?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian