ФОТО+ВИДЕО | Дуа Липа „заплива“ во манекенски води: Sвездата заблеска на ревијата на Версаче

3 mins read

Дуа Липа може официјално да додаде „манекенка“ на листата на лични достигнувања откако настапи на ревијата на Версаче овој викенд.

Една од најактуелните музички ѕвезди на светската поп сцена, Дуа Липа, го имаше своето манекенско деби на ревијата на Версаче за пролет/лето 2022 година за време на Модната недела во Милано која се одржа овој викенд. И не само што таа се прошета по пистата, туку и ја отвори и затвори ревијата!

Дуа Липа, која е новото заштитно лице на легендарниот италијански моден бренд, ја отвори големата ревија носејќи елегантен црн костим со здолниште, со разрез на палтото на половината и големи разнобојни безопасни игли на колковите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Со интензивно светло зелена сенка на очите и неверојатно долга исправена коса зафрлена наназад, пејачката чекореше самоуверено по пистата на црни потпетици со ремчиња кои нè вратија во модата на 90-тите.

За изгледот кој ја затвори ревијата Дуа Липа носеше дводелен магента розов аутфит и пенкало здолниште со шлиц до колкот, спарен со розови потпетици и сенка за очи променета во сина.

„Беше така неверојатно искуство да го продолжам моето патешествие со моето „семејство“ Версаче – од учество во кампања до отварање на ревијата пролет/лето 2022! Донатела, ми беше сон да чекорам на вашата прекрасна ревија“ сподели Дуа Липа во официјалната изјава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Музичката ѕвезда сподели неколку фотографии на својот инстаграм профил, кои прикажуваа моменти на подготовки зад ревијата и позирање за фотографии.

Музичката ѕвезда објави и видео на кое таа и супермоделот Џиџи Хадид позираат пред фотоапаратите и возбудено се прегрнуваат.

„Ти и Џиџи изгледате прекрасно!!! Размислувам за вчеравечер цел ден!!!“ искоментира дизајнерката Донатела на објавата од својот личен профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

За блискоста од соработката зборуваше и објавата на која Дуа Липа и Донатела Версаче може да се забележат зад сцената, во придружба на италијанските ѕвезди инфлуенсерката Кјара Ферањи, нејзиниот сопруг пејачот Федез и неговиот соработник Луис Сал, кои носеа модели од новата колекција и веќе долги години се официјални гости на брендот Версаче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Versace (@versace)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Оштетен авионот на Владата на Црна Гора, нема повредени

Следно

ИН МЕМОРИАМ: Почина доајенот на македонската современа скулптура, Драган Попоски – Дада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian