ФОТО+РЕЦЕПТ | Шеф Бранко Попоски: Највкусниот домашен ајвар по рецепт на баба

2 mins read
Сезоната на зимници е во тек. А на наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“). 
Овој врвен готвач, гастроном и љубител на кулинарството денес ни предлага да си подговиме највкусен домашен ајвар по рецепт на баба. 
– Омилена зимница во сечиј дом е домашниот ајвар, посебно кога е приготвен по рецепт на баба. Без сомнение, ќе ве израдува со неговиот вкус, а посебно во комбинација со овчо сирење и маслинки, препорачува шеф Бранко.

Потребни состојки:
  • 8 килограми црвени пиперки
  • 3 големи модри патлиџани
  • 380 милилитри масло
  • 1 голема лажица шеќер
  • Сол (по вкус)

Начин на подготовка:

Испечете ги пиперките, внимавајте да не ги изгорите, па потоа излупете им ја кората и исчистете ги семките (за побрзо да се лупат, ставете ги после печење во најлонска кеса). Откако ќе ги излупите, оставете ги да се оладат, а потоа ставете ги на цедилка околу час , два со цел убаво да се исцеди водата од нив.
Додека се цедат пиперките, испечете ги и модрите патлиџаните, па излупете ги и нив и исцедете ги. Потоа, ставете ги пиперките и модрите патлиџаните во апарат за мелење месо или пак специјална мелница за пиперки, и добиената смеса ставете ја во голем лонец или народски кажано шерпа. Почнете полека да варите.

Смесата мешајте ја што повеќе со дрвена лажица, а за време на варењето постепено додавајте…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сашко Кедев го искачи осмиот највисок врв во светот, Манаслу

Следно

Пожарот во галијата кај Холидеј Ин (фото)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian