Околу 25 лица беа примени во болница по експлозија во станбена зграда во Гетеборг рано утрово, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на шведскиот јавен сервис СР.
Полицијата соопшти дека отворила истрага, а засега нема осомничени.
Итните служби објавија дека евакуацијата на граѓаните е во тек и дека работат на гаснење на пожарот во зградата.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата.
Извор: Ројтерс