Дибиров: Сите екипи имаат свои слабости, така е и со Алборг

2 mins read

Еден од најискусните ракометари на Вардар кој беше дел од двете шампионски генерации на Вардар, Тимур Дибиров смета дека иако „црвено-црните“ се во пеколен ритам во кој одиграа шест натпревари за две недели, желбата за триумф над европскиот вицешампион е голема.

Вардарци кои во претходното коло го совладааа Мешков Брест со 35:27, а изминатиот викенд забележаа и триумф над Е. Пелистер 29:25 во домашниот шампионат, утревечер (20.45 часот) ги очекува најголемиот предизвик, натпреварот против европскиот шампион, Алборг.

– Екипата е со крената атмосфера по победите над Мешков и Пелистер, но мора да разберете дека нас не нè интересира што било туку што ќе биде.
Ние сме во таков ритам, со многу натпревари, па не можеме да направиме добар тренинг. А ние со еден состав играме во ЛШ, со друг во македонско првенство. Еве денеска е малку порелаксиран ден, играчите кои игравме со Еурофарм Пелистер малку ќе одмориме, ќе одработиме тактички тренинг. Овој ритам е ритам од Бундеслигата. Ние нека продолжиме да плачеме, само да победиме против Алборг – вели Дибиров кој вели дека и екипа како Алборг има свои слабости во играта.

– Јас мислам дека секоја екипа има слабост, дури и ваква како Алборг. Тие се противник од типот на Елверум, многу трчаат имаат силно темпо. Е наша задача ќе биде да ги извадиме од ритам, од таа нивна комфорна зона, да мора да ги запреме, да ги  натераме да играат без топка. Кога ќе видите дека тоа што секогаш функционира прекинало да функционира настанува проблем, па треба да се прилагодите. Тоа е како во боксот, оној што знае да се адаптира на противникот има предност. Тоа не значи дека нам ни се допаѓа таква игра, но ако функционира ќе ја играме.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Република Српска забранет увоз на грозје од Северна Македонија поради пестициди

Следно

Русија бара од ЕУ и НАТО да ја убедат Приштина да ги повлече спецјалците од северно Косово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian