Денвер ги чува ѕвездите, Портер доби 207 милиони долари со новиот договор

1 min read

Крилото на Денвер нагетс, Мајкл Портер јуниор потпиша нов договор со тимот од Колорадо. Портер јуниор потпиша петгодишен договор со кој ќе заработи 207 милиони долари.

Тој доби максимален договор со оваа фаза од кариерата, кој е идентичен со тој на Лука Дончиќ кој летово потпиша нов договор со Далас маверикс.

Минатата сезона, откако се повреди втората ѕвезда на екипата, Џамал Мареј, центарот Никола Јокиќ остана без вистинска поддршка во плеј-офот и битката за титулата.

Во тие моменти, токму Портер јуниор се наметна како втора опција во тимот на Денвер и сезоната ја заврши со просек од 19 поени, 7.3 скокови по натпревар и одличен шут од игра од 54 проценти.

Мајкл Портер јуниор во НБА лигата влезе во 2018 година кога беше избран како 14 пик на драфтот од Денвер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Навални повторно е обвинет за екстремизам

Следно

Во Република Српска наместо медицински, во ковид центрите користен индустриски кислород

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian