ДЕБАТА НА ТВ 24 ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ: КОИ ГРАДЕЖНИ КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ ГИ НУДАТ КАНДИДАТИТЕ?

4 mins read

Во вториот дел од дебата на кандидатите за градоначалник на Град Скопје, организирана од „Телевизија 24“, кандидатите одговараа на прашањето кои капитални градежни проекти би ги спровеле за Скопје.

Кандидатот на Родина Македонија најави борба со урбаната мафија во Скопје. Кандидатот на Комунистичката партија на Македонија Горан Арсовски изјави дека им е во план да го направат Вардар пловен од („Ѓорче Петров до село Лисиче или Драчево, не знам каде води“) и дека тоа бил проект којшто одговарал на реалните потреби на скопјани. Кандидатот Бени Шаќири од „Коалиција одлучно за промени“ како најголем капитален проект го посочи средувањето на нечистотијата во градот. Кандидатот Љубомир Јосифовски од „Политичка партија демократи“ најави средување на десетиците „ругла“ во Скопје. Кандидатот на политичката партија Левица Перо Георгиевски – „Камиказа“, како капитален градежен проект го посочи отстранувањето на корупцијата и повторно најави решавање на проблемот со недостиг на тоалети покрај Вардар. Кандидатот на Интегра – Македонска конзервативна партија, Тодор Ношпал, најави „вај-фај“ слободна зона за цело Скопје која би зрачела од кулата на врвот на Водно. Кандидатот на Бошњачки демократски сојуз Мунир Колашинац најави воведување на еко-полиција и локални полицајци. Кандидатот на „Твоја партија“ Александар Тортевски најави подземна улица од „Црвен крст“ до Булевар Климент Охридски и дислокација на сите споменици во центарот.

Кандидатката на „Група избирачи Данела Арсовска“, не зборуваше за никакви капитални проекти, туку посочи дека Скопје живее во урбанистички хаос, дека корупцијата е еден од најголемите проблеми, и го посочи како проблем затвореноста на градот – најавувајќи отворање на градот Скопје.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов прв праша дали тема на разговор е капитални проекти во сферата на градежништвото, затоа што не слушнал ништо такво за време на дебатата:

„Во изминативе четири години завршивме четири булевари, вклучително и еден излез нов на обиколницата, Булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“. Во град Скопје го завршуваме мостот на Булеварот АСНОМ, што е вториот булевар којшто е изграден. Ја пробивме „Пластичарска“ што никој не веруваше. Го пробивме булеварот Гоце Делчев, под касарна, во моментов се работи петљата кај Момин Поток, објект вреден 19 милиони евра. Во исто време, завршува постапката за петљата кај булевар „Словенија“ и почеток на Булеварот Словенија да оди до Бардовци, до Ново Село, и низ Визбегово, да имаме исто така булеварско решение. Го работиме мостот во Карпош 4, којшто е мост којшто треба да се спои токму со булеварот Словенија во наредните две и пол години, така што граѓаните од тој дел од градот, од Ново Село, од Волково, Ѓорче Петров, да имаат поинаква комуникација кон Карпош 4. Тоа се работи коишто, во градежна смисла сега зборуваме, како континуитет мора да бидат во нашиот град“, изјави Шилегов на дебатата на ТВ 24.

Шилегов, исто така укажа, дека проектот „Смарт Сити“ е завршена работа и дека наскоро ќе биде презентирана апликацијата.

Кандидатката Ана Петровска од Зелен Хуман Град укажа дека најважно било градот Скопје да има нов добар Генерален урбанистички план, за да имаме „град по мерка на граѓаните“.

Освeн градоначалникот Петре Шилегов, кој зборуваше за конкретни и идни градежни капитални проекти во Скопје, речиси сите други кандидати ја промашија темата и не зборуваа за капиталните проекти кои им ги нудат на скопјани.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

ВИДЕО | Разговор со Али Февзи, бербер: Еден миг го менува животот!

Следно

Нова студија: Ова се несаканите ефекти од третата доза вакцина против ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian