Д-р Петличковски: Џабе ни е трета, кога некој се уште не примил прва доза

1 min read

Третата доза нема да помогне во зголемување на колективниот имунитет, бидејќи сè уште има луѓе кои не примиле ниту прва доза, изјави директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски, во интервју за Телма.

Тој појасни дека 6 месеци од примањето на втората доза вакцина поголем е бројот на новоинфициран, отколку кај оние кај кои не поминал тој период после имунизацијата.

Нo тоа не значи дека завршил имунитетот, туку дека шест месеци се покриени, а после шест месеци вакцините даваат долготраен имунитет. Ако ги оставиме децата неимунизирани, а тие одат во школо, се создаваат можности за пренос на вирусот“, вели директорот на Институт за имунологија.

Тој смета дека сега треба да се вакцинираат и децата, односно населението под 18 години, оти, како што вели, поради децата кои одат на училиште се создаваат можности за пренос на коронавирусот.

– Бустер дозата, односно третата доза од вакцината против ковид-19, кај нас нема многу да помогне за создавање колективен имунитет, бидејќи има луѓе кои сè уште не примиле ниту прва доза. Сега треба да се вакцинираат и децата, односно населението под 18 години. Ако ги оставиме децата неиумунизирани, а тие одат на училиште, се создаваат можности за пренос на вирусот – рече д-р Петличковски.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повеќе од 500 бегалци со рибарски брод пристигнаа во Лампедуза

Следно

ВИДЕО: Поранешен фудбалер на Фенербахче и Бешикташ полуде, уби едно и застрела четири лица

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian