Али Ахмети и Теута Арифи: Ќе победиме во Тетово

2 mins read

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва во Тетово одржа партиска конвенција на која беа претставени Теута Арифи како кандидатка за градоначалник и кандидати за членови на Советот на општината. Беа промовирани видео спотови преку кои кандидатите ќе се претставуваат пред граѓаните.

Досегашната градоначалничка Теута Арифи пред присутните рече дека нема дилема за победникот и дека ќе го добие и следниот мандат, иако партијата е сама на избори без коалициони партнери.

– Во среде пандемија воспоставивме јавен превоз, го асфалтиравме патот до Шипковица, успеавме да отвораме градинки во селата и многу други работи. Сево ова е мотив за оваа млада екипа на советници. Денес е можност за еден нов свет. Јас велам и дека има многу да се работи. Јас сум тука пред вас, сум кандидат по трет пат, затоа што вие ми ја дадовте таа чест, Тетово е универзитетски град, град на промени, им благодарам на граѓаните и да им порачам дека може заедно и мажи и жени и повеќе да направиме, истакна Теута Арифи.

Носителот листа Бљерим Османи посочи дека петте партиски цели, младиот кадар и посветеноста ќе значи исполнување на идејата за посветло Тетово.

– ДУИ има капацитет да владее и наредните 20 години,најголем аргумент за ова тврдење на претседателот е кандидатската листа за советници кои се млади. Да направиме прогрес, да се ангажираме за секој граќанин на Тетово за да ја постигнеме нашата агенда. ДУИ секогаш нуди конкретни програми, овојпат имаме зелена агенда. Подобрување на животот на граѓаните ќе биде наша цел, истакна Османи.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, нагласи дека партијата за 20 година никогаш не ја изгубила целта.

– Не сме пресметале дали ќе победиме или не, ние сме подготвиле проекти. Јас сум оптимист како што станавме членка на НАТО и така ќе се интегрираме во ЕУ. Јас сум сигурен дека ќе се случи победа во Тетово на 17 октомври, Теута ќе добие трет мандат, Теута има предност, таа е победник, може да има уште повеќе реализирано во мандатот од 17 октомври натаму, истакна Али Ахмети, претседателот на ДУИ на конвенцијата во Тетово.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дете прегазено во Ајова, откако паднало од подвижна платформа на парада

Следно

ВИДЕО: Ајакс го надигра и Бешикташ, мируваа мрежите во Киев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian