Зошто Данела Арсовска има потреба од бодигарди?

2 mins read

Начинот на којшто во минатите денови сведочевме дека кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, е опкружена со масовно обезбедување и телохранители, отвора многу прашања.

Од што толку е исплашена или несигурна Данела Арсовска за обезбедувањето ромбусно да ја штити, а граѓаните да немаат можност да и се приближат, или пак да туркаат новинари на јавни настани?

Конечно, каков впечаток остава кандидатката за градоначалникчка на Град Скопје, кога на настан како што е потпишување на Кодексот за фер избори, во центарот на градот, во простории на Град Скопје, има потреба да користи масовно обезбедувањe? Зошто да попречува новинари во вршењето на нивните професионални задачи? Од кого и од што бодигардите мораат да ја штитат насекаде Данела?

Функцијата градоначалник е најблиска до граѓаните. Градоначалникот како политичар е првиот во  алката на политичари кои треба да се достапни и непсоредни со граѓаните и работат директно во нивна полза. Затоа, зошто некој има потреба да биде опкружен со масовно обезбедување и бодигарди? Каде е тука непосредноста која треба да се оствари за и кон граѓаните?

Инцидентот од минатата недела со бодигардите на Данела Арсовска отвора и многу други сериозни прашања кои граѓаните мораат да им имаат в предвид кога ќе одлучат за кого да го дадат својот глас на 17 октомври.

Отвореноста, непосредноста и достапноста на политичарите, се едни од главните карактеристики кои сите политичари треба секојдневно да ги практицираат. Комуникацијата со граѓаните, непосредноста и достапноста на локалните политичари се главни вредности за политичарите кои треба да се грижат за нашата мирко-средина во која живееме и работиме. Тие треба да им бидат врвен приоритет, а не ангажирање на обезбедување и телохранители кои ќе „ги штитат“ или прават привилигирана класа.

Од сите сегашни градоначалници, ниту ден не користи „бодигард“ или лично обезбедување. Зарем кандидатката Данела Арсовска се плаши од граѓаните, од оние чијшто глас го бара и сака да стане градоначалничка, па телохранители мораат да ја чуваат, се повеќе коментираат и се прашуваат политичките аналитичари, но и граѓаните.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Приведени двајца измамници од Скопје

Следно

Јужна Кореја сака законски да го забрани јадењето кучиња

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian