Возачите во Скопје прават прекршоци, полицајците казнуваат и по стотици во еден ден

1 min read

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 30 за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола.

Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, седум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за нерегистрирани возила.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.  

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Променливото време го менува дејството на терапијата

Следно

Исланд сепак без женско мнозинство во парламентот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian