Воените аташеа на САД и Канада ги посетија премините Јариње и Брњак на северот на Косово

1 min read

Воените аташеа на САД и Канада ги посетија премините Јариње и Брњак на северот на Косово со цел подобро да се запознаат со ситуацијата на терен, објави Американската амбасада во Белград.

„Тие беа среќни што видоа дека КФОР е на лице место како фактор на стабилност“, објави Амбасадата на САД на Твитер.

Претходно денеска, мисијата на КФОР потврди дека го зголемила бројот и времетраењето на рутинските патроли низ Косово, а особено на северот.

Денес, осми ден по ред, Србите од северот на Косово ги блокираат патиштата кон премините Јариње и Брњак, преку кои може да се помине само пеш. Тие го започнаа протестот на 20 септември, кога владата во Приштина испрати специјални полициски сили во Јариње и Брњак за да ја спроведат одлуката за замена на српските регистарски таблички.

Поради ситуацијата на северот на Косово, Армијата на Србија е во состојба на зголемена борбена готовност, а нејзините борбени авиони во изминатите три дена во повеќе наврати ја надлетуваа областа во близина на преминот Јариње. Припадниците на српската армија денеска се два километри од Јариње.

Извор: Н1

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ ќе урне уште неколку рекорди доколку го освои „Индијан Велс“

Следно

САД успешно тестираше ракета со пет пати поголема брзина од звукот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian