ВИДЕО: Тричковски го постигна победничкиот гол за АЕК Ларнака

1 min read

Денеска во четвртото коло од најсилното кипарско првенство составот на АЕК Ларнака со резултат 1:0 славеше над Олимпијакос Никозија.

Стрелец на единствениот гол беше македонскиот поранешен репрезентативец Иван Тричковски од пенал во 72 минута од средбата во Ларнака.

За нашиот напаѓач ова е веќе четврти гол сезонава во тамошниот шампионат, неговиот нов погодок можете да го погледнете на видео записот.

Моментно на табелата АЕК Ларнака е на второто место со осум бодови, четири помалку од првопласираниот Аполон.

Токму двете водечки екипи ќе ги одмерат силите во следното коло кое е на програмата на 1 октомври.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СДСМ: Нечесно е претседатели од транзицијата и режимот да зборуваат за криминал и корупција

Следно

Таткото кој си ги уби трите малолетни деца е префрлен во психијатриска болница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian