ВИДЕО: Ремек дело на Македонецот, Амановиќ во стилот на Ривалдо

1 min read

Во рамките од 22 коло во најсилното фудбалско првенство на Казахстан составот на Тобол со 0:1 триумфираше кај Атирау.

24-годишниот македонски интернационалец Алекса Амановиќ постигна прекрасен гол во стилот на големите мајстори во 18 минута.

Вакви погодоци со левата нога од далечина почесто сме гледале од фудбалски великани како на пример бразилската легенда Ривалдо.

Токму на таков начин нашиот поранешен млад репрезентативец стрелаше во 18 минута за вкупно 14 победа сезонава во шампионатот.

Моментно Тобол е на второто место со 49 бодови, само еден помалку зад водечката Астана.

ВИДЕО: Тричковски го постигна победничкиот гол за АЕК Ларнака

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Регистриран земјотрес кај Кичево

Следно

Србија нема да може да го избегне реципроцитетот за слободата на движење на Косово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian