ВИДЕО: Професорката Каролина Ристова-Астеруд е приведена на Скопскиот аеродром, најави дека ќе се жали во МВР

3 mins read

Професорката од Правниот факултет, Каролина Ристова-Астеруд е жената за која МВР извести дека вчера рано утрото била приведена на скопскиот аеродром.

Според МВР, „во 02:30 часот во Меѓународниот Аеродром – Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода К.Р.А.(50) од Скопје, затоа што го нарушила јавниот ред и мир со викање, непристојно и дрско однесување и со навредување на полициски службеници кои извршувале службени дејствија. И бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 4 и член 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“.

Професорката Ристова-Астеруд попладнево преку статус на Фејсбук потврди дека била приведена, но вели дека инцидентот започнал откако се обидела на полицајците да им пријави сомнителна торба.

„Точно е дека имаше голем и сериозен инцидент, како и дека бев приведена со лисици во полициската станица на аеродромската полиција, и држена таму цела ноќ, докај 7 часот наутро вчера, повеќето време “оставена” на клупа со лисици, како небаре не сум таму, а , од тоа што видов , инволвираните се собраа за да се “искоординираат”, најверојатно за нивната верзија за во записник, како за тоа што најавив правна акција од мене , а и бајаги по телефони, а од тоа што случајно слушнав не беше баш за професионалниот дел ( “ма и на министерот да му се јави, многу ми е гајле, ништо не ми може”)“, вели Ристова-Астеруд.

„Ударно, сакам да ѝ соопштам на јавноста дека не е точно дека било во врска со мое одбивање да покажам потврда за вакцинација. Целиот инцидент започна по поминување на пасошка контрола, и заради мој обид за пријавување на сомнителна торба (во аеродромски услови тоа подразбира и торба која е оставена сама) во делот на превземање на багажот од страна на патниците,“ објаснува таа.

Ристова-Астеруд објави и видео од дел од конфронтацијата со граничните полицајци.

Професорката вели дека обвинувањата на нејзина сметка треба да одат на страната на дел од полициските службеници од граничната полиција.

„За деталите ќе ја информирам јавноста откога ќе го завршам делот со формалното пријавување на случајот во внатрешната контрола на МВР ( уште не сум заради неодложни професионални обврски), а во однос на која имам верба дека целосно и докрај ќе го расчисти случајот, а во меѓувреме ќе се консултирам за другите чекори за моја правна заштита од серија повреди на моите права и слободи,“ вели Ристова-Астеруд.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Полска тврди дека пронашла екстремистички содржини кај мигрантите

Следно

Гвардиола: Немам идеја како да ги запреме Меси, Нејмар и Мбапе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian