ВИДЕО: Фудбалски тренер во Италија го удри главниот судија, а потоа се извини

1 min read

Голем скандал се случи во текот на изминатиот викенд во фудбалска Италија, на нисколигашкиот натпревар помеѓу Карпињано и Олеџо Кастеља, кога тренерот на домашната екипа Џовани Алоси со тупаница го удри главниот судија.

При резултат 2:0 за гостите домашниот тренер доби црвен картон поради што беше многу бесен и физички го нападна арбитарот кој веднаш потоа досуди крај на оваа средба.

Тоа што го привлече вниманието е и неочекуваниот гест на Алоси кој поднесе неотповиклива оставка:

– Не барам никакво алиби. Мојот потег нема никаква врска со вредностите на фудбалот и нештата во кои верувам. Не ми беше дозволено да направам такво нешто поради нервоза и напнатост.

Ги видов снимките и не можам да се препознаам. Му се извинив на судијата штом заврши натпреварот, и сакам да им се извинам на моите противници што истиот заврши на ваков лош начин. Исто така, им се извинувам на моите млади играчи, ова не беше вистински пример за нив – рече Алоси.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Брајтон пропушти шанса да се искачи на врвот во Премиер лигата

Следно

ГАЛЕРИЈА: Духовит уметник гледа разни форми во мапите на државите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian