ВИДЕО: Брајтон пропушти шанса да се искачи на врвот во Премиер лигата

1 min read

Екипата на Брајтон досега во новата сезона од Премиер лигата е едно од најголемите изненадувања, до вечерашниот дуел со Кристал Палас од пет мечеви имаше само еден пораз и дури четири победи.

Играчите на Грем Потер вечерва во Лондон пропуштија голема шанса со триумф да се искачат на врвот во генералниот пласман, односно тоа не го дозволи составот на Патрик Виеира.

Пред крајот на првото полувреме домаќините дојдоа во водство (45+2`) кога од пенал прецизен беше Заха.

Во самиот финиш од мечот на „Селхурст Парк“ гостите спречија пораз преку францускиот интернационалец Мопе (90+5`).

На табелата Брајтон остана на шестото место со 13 бодови, колку што имаат и Манчестер сити, Челси, Манчестер јунајтед и Евертон редоследно од втората до петтата позиција, а само еден помалку од водечкиот Ливерпул. Кристал палас после третото реми е на 15 позиција со шест бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Селмани: Оставките се морален чин, ама не се доволни – мора да се најде виновникот за трагедијата во Тетово

Следно

ВИДЕО: Фудбалски тренер во Италија го удри главниот судија, а потоа се извини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian