ВИДЕО | Активистка гостувала во утринска емисија целосно гола

1 min read

Лаура Амхерст, 31-годишна климатска активистка од Есекс, Англија, во четвртокот наутро се појавила целосно гола во студиото на емисијата „Ова утро“.

Атрактивната Амхерст пред себе имала само натпис посветен на зачувувањето на Земјата, а водителите Филип Скофилд и Холи Вилоуби разговарале со неа цели осум минути. Русокосата притоа изразила „загриженост, особено за помладите генерации“.

Самохраната мајка на едно дете, последните месеци во неколку наврати се појавила гола, дури и на протестите, а во јавноста допрела и информацијата дека отворила профил на платформата за возрасни „Само фанови“. Приходите што ќе ги оствари од платформата за возрасни планира да ги донира за зачувување на планетата.

Со нејзиниот потег, оваа русокоса активистка воедно ги ставила и камерманите на голема мака, главно морале да ја прикажат во крупен план, меѓутоа, нејзиниот настап сепак бил успешно завршен во смисла дека интимните делови од телото на Амхерст не допреле до публиката.

Амхерст во текот на гостувањето отворено признала дека ги користи своите атрибути со цел да го одвлече вниманието и фактот дека во тој сегмент, како што рекла, „стоиме многу лошо“, но исто така нагласила дека верува дека тоа има смисла, бидејќи на тој начин до луѓето допираат важни теми за кои зборува.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Никола Ристески е новото засилување за ФК Вардар

Следно

Шолц: Партиите што не добија поддршка не треба да формираат влада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian