Средба Путин – Ердоган во Москва

1 min read

Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде домаќин на својот турски колега Реџеп Таип Ердоган, но повеќето од разговорите или самити на кои учествува рускиот претседател ќе се водат преку видео врска, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека Ердоган ќе дојде во Русија и дека Москва се подготвува за таа посета.

„Речиси сите настани на кои ќе учествува рускиот претседател ќе се вршат преку видео врска, но се подразбира дека средбата со Ердоган ќе биде лице в лице“ нагласи Песков, а пренесе Тасс.

Песков прецизира дека он-лајн состаноците на Путин се од „превентивни мерки“, поради ковид пандемијата.

„Тие (Путин и Ердоган) сигурно ќе се сретнат, бидејќи тие се претседатели. Работните задачи и планови на рускиот претседател ќе продолжат да се одвиваат во целосен формат“ изјави портпаролот на Кремљ.

Претходно, имаше информации дека разговорите меѓу Путин и Ердоган треба да се одржат на 29 септември, но Песков тоа сега не го потврди.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Започнува 24. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедијата“

Следно

Шилегов: Започнавме проекти кои решаваат проблеми за следните 50 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian