Кандидатот Тимчо Муцунски ја започна својата предизборна кампања за градоначалник на општина Аеродром:
„Денеска ја почнуваме кампањата од населба Лисиче каде што симболично засадивме седум дрвца.
Ќе работиме за чист, зелен и безбеден Аеродром.
Имаме политичка програма со 7 клучни цели, седум поглавја, кои што се гаранција дека со заокружување на бројот седум.
Аеродром ќе биде поинаква општина ќе работиме со многу енергија и многу ентузијазам, ќе допреме до секој еден од вас.
Нашата посветена работа ќе биде гаранција дека Аеродром ќе се претвори во најубавата општина во Република Македонија.„
Извор: skopjeinfo.mk