Силен земјотрес го стресе Крит

1 min read

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), пишува Ројтерс.

Во извештајот се наведува дека земјотресот се случил 20 километри југоисточно од градот Хераклион, на длабочина од два километри.

Најблиската населба до епицентарот е Ано Арханес, која има 3.900 жители. Оддалечено е десет километри од местото на земјотресот.

Земјотресот е регистриран во 8,17 часот по средноевропско време, или 9,17 часот по грчко време.

Сведоци од Хераклион изјавија дека земјотресот бил исклучително силен и траел долго. Некои училишта веднаш беа евакуирани. Според првите информации, има материјална штета.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Берлин ја доби првата градоначалничка

Следно

Променливото време го менува дејството на терапијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian