СДСМ: Нечесно е претседатели од транзицијата и режимот да зборуваат за криминал и корупција

1 min read

Не е чесно ниту кон граѓаните ниту кон државата кога поранешни претседатели од времето на транзицијата и режимот зборуваат за криминал и корупција, а не покажале никакви чекори против корупцијата во времето кога требало да му служат на народот, велат од СДСМ.

– Денеска јавноста сведочеше едно пропагандно однесување на поранешни претседатели на државата. Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија и Рамковниот договор се најважните договори кои ја вратија во живот македонската интеграција, ги потврдија и зацврстија македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

Македонската држава живее и ќе живее и нема да умира на рати, а ако тоа некој го посакува му порачуваме да мисли пред да дејствува, пред се заради нашот народ и заради иднината на сите наши деца. Граѓаните со својот глас и порано, и денес и во иднина прецизно го покажуваат патот кој се развива Северна Македонија, стои во нивното соопштение до јавноста.

Црвенковски: Македонија е корумпирана држава која живее од кредити, изборите се гладијаторска борба во која победникот добива се, а поразениот ништо

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Американски суд го ослободи од строгите правила на поведение Џон Хинкли, човекот кој пукаше во претседателот Роналд Реган

Следно

ВИДЕО: Тричковски го постигна победничкиот гол за АЕК Ларнака

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian