САД успешно тестираше ракета со пет пати поголема брзина од звукот

1 min read

САД успешно тестираа проектил со пет пати поголема брзина од звукот, соопшти владината агенција при Министерството за одбрана на САД, која се занимава со за развој на нови технологии во американската војска (ДАРПА).

Ракетата, изградена од корпорацијата „Рејтион” со мотор „Нортроп Груман”, била лансирана од авион. Ракетниот мотор се напојува со мешавина од јаглеводородно гориво и воздух.

„Ракетата беше забрзана со брзина пет пати поголема од брзината на звукот”, додаде Пентагон.

Ова е прв успешен тест од ваков вид на американската армија од 2013 година.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Воените аташеа на САД и Канада ги посетија премините Јариње и Брњак на северот на Косово

Следно

Регистриран земјотрес кај Кичево

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian