Референдумот успешен, Швајцарија ги легализира истополовите бракови

1 min read

Швајцарците на вчерашниот референдум ги легализираа истополовите бракови и им дадоа право на хомосексуалните сопружници да посвојуваат деца, пренесува Ес-Би-Ес.

За легализацијата гласале речиси две третини од Швајцарија, која стана една од последните земји во западниот дел на Европа која ги одобри хомосексуалните бракови.

Според податоците објавени од федералната влада, 64,1 отсто од граѓаните гласале за истополови бракови.

Организацијата „Амнести интернешнал” соопшти дека со ова гласање е направен голем чекор во рамноправноста.

Ова, исто така, ќе значи дека на странските сопружници ќе им биде полесно да добијат швајцарско државјанство.

Швајцарската министерка за правда Карин Келер-Зутер истакна дека законот ќе стапи во сила на 1 јули 2022 година.

Оваа земја им се приклучува на повеќето западноевропски земји, кои веќе ги имаат признаено истополовите бракови, додека повеќето во Централна и Источна Европа не дозволуваат брак помеѓу двајца мажи или две жени.  

Швајцарија на референдум одлучува за истополовите бракови

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ: Ако започне погромот на Косово, на НАТО му даваме рок од 24 часа да реагира

Следно

УТРИНСКИ БРИФИНГ | Двојно поголеми стипендии за новите студенти и ученици

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian