Рама е на страна на Косово: Србија изведува театрални маневри

4 mins read

Премиерот на Албанија, Еди Рама, кој денеска престојува во еднодневна посета на Приштина на покана на неговиот косовски колега, Албин Курти, изјави дека Косово има целосно право по прашањето на реципроциетот со Србија и воведувањето времени регистерски таблички за возилата кои влегуваат од таа држава, пренесува Албанија Дејли.

На зедничката прес конференција со Курти, по средбата што зад затворени врати ја имаа заедно со членови на нивните владини кабинети, Рама порача дека дијалогот е единственото решение за овој, како и за другите спорови меѓу Косово и Србија.

Реакциите на Белград на испраќањето косовски специјалци на граничните премини заради спроведување на одлуката за времени таблички, Рама ги нарече „театрални”.

„Еден од приоритетите на Албанија, како полноправна членка на ООН, ќе биде поттикнувањето на формалното принавање од сите. Србија треба да ја прифати таа реалност и за жалење се театралните воени маневри на Србија на суверената граница на Косово. Тие маневри не ги штитат српските граѓани, северот на Косово, како што претендира раководството на официјален Белград или духовите на поразената војска во војната пред 20 години, небаре се кренале од гроб со претензијата дека се брани интегритетот и безбедноста на српските граѓани во Косово“, рече Рама.

Косовските Срби, според него, „живеат бе закани од било кого, им се плаќаат сметките за електрична енергија и, за жал, овие маневри го враќаат на сцена нивниот вандализам, како што е палењето на официјалните центри, што е на штета единствено на Србите во Косово”.

Ставот на Албанија, рече Рама, останува непроменет, а тоа е дека „воведувањето на реципроцитет е не само легитимна норма на Косово, туку е и дел од порано постигнатиот договор меѓу владите на Косово и Србија”.

„Ставот на Албанија останува непроменет од првиот момент кога се пјави овој конфликт: Косово е во право и точка! Треба да се води сметка со специјалните единици, да не се предизвика проблем меѓу Косово и меѓунродните пријатели. Албанија е убедена дека единствено решение е дијалогот. До премиерот (Кури) и до Владата е како ќе ја третираат оваа чувствителна ситуација, но ова е и можност да се каже дека е потребен рамноправен дијалог“, рече Рама.

Последните дејствија на Србите во северно Косово, рече тој, му го зацврстиле убедувањето дека „Отворен Балкан треба да се случи”.

„Јас сум убеден уште повеќе денес дека Отворен Балкан е единствениот стратешки правец за ние да не се заглавиме во минатото и да го добиеме максимумот, и како Албанци и како регион. Слободата на движењето на граѓаните, на стоките и капиталот со Отворен Балкан имаат повеќе можности да успеат, како и климата на дијалог. Ова не е друго, освен преземање на Берлинскиот процес врз себе и негово забрзување, без да чекаме да се одржува еднаш годишно. Несомнено дека на Косово му се сеуште жешки раните и дека историјата е многу близу, но силата треба да биде многу поголема за да се гледа напред. Косово ја доби војната“, порача Рама.

Посетата на Рама следи по поканата што неодамна му ја упати Курти, кога му честиташе за неговиот трет избор за премиер на Албанија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина Бобан Петровиќ, легендата на Партизан и југословенската кошарка

Следно

Синот на супермоделката Хелена Кристенсен уапсен: Нападнал девојка на паркинг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian