Победата над Леванте привремено ги смири страстите во Каталонија, но малкумина веруваат дека Роналд Куман ќе ја „преживее“ претстојната репрезентативна пауза.
Дури и неговиот најголем „заштитник“ во јавноста, новинарот Луис Канут, не верува дека Куман ќе остане на клупата доколку не направи некои сензационални резултати против Бенфика и Атлетико Мадрид оваа недела.
Но, Куман е заштитен од уште една многу важен сегмент, а тоа е – касата на Барса. Сигурни извори откриваат дека Барселона и покрај значителното намалување на платниот буџет, и понатаму е на 25%, над дозволениот лимит кој оди за приходите на вработените во клубот.
Затоа претседателот на клубот, Жоан Лапорта масовно ги намали платите на играчите, а во наредните недели ќе треба да го стори истото со Кутињо, Умтити, Роберто и Дембеле.
Важен фактор поради кој Куман и натаму останува тренер на екипата, бидејќи во спротивно Барса мора да му плати 14 милиони евра во случај на еднострано раскинување на соработката.