Најмалку 37 лица загинаа во вооружен напад во Нигерија

1 min read

Најмалку 37 луѓе загинаа во северна Нигерија за време на голема група вооружени лица кои го нападнаа селото Мадамаи.

Во центарот на синоќешниот напад во сојузната држава Кадуна е верскиот конфликт помеѓу членовите на исламската етнолингвистичка група Хауса-Фулани, кои претежно живеат во северниот дел, и христијаните концентрирани на југ.

Еден од селаните рече дека напаѓачите биле членови на племето Фулани, кои долги години биле во конфликт со мнозинските христијански заедници на југот од Кадуна.

Селаните и персоналот на болницата за Асошиејтед прес изјавија дека бројни напаѓачи со пиштоли и мачети упаднале во селото Мадамаи, во областа Каура.

Во сличен напад во областа Каура во август, пет лица загинаа, а неколку куќи беа изгорени.

Извор: Ал Џазира

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Во дворот на пензионерот Павле Ѓоргиевски: Село Логоварди може да се гордее со овој господин!

Следно

Селмани: Оставките се морален чин, ама не се доволни – мора да се најде виновникот за трагедијата во Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian