„Лего Војна на ѕвездите“: Подгответе се за „Застрашувачки приказни“ во мрачниот замок на Вејдер за Ноќта на вештерките

3 mins read

„Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“ ќе го добие своето продолжение, но во малку поинаква форма. Стриминг платформата „Дизни+“ неодамна најави нова специјална епизода од анимираната серија „Лего Војна на ѕвездите“, чија приказна ќе продолжи од истото место каде што заврши последниот филм за сагата на Скајвокер, но нема да биде канон. Премиерата на епизодата е закажана за Ноќта на вештерките.

Што ќе ни раскажат „Застрашувачките приказни“?

При итно слетување на вулканската планета Мустафар, По Дамерон и ББ-8, ќе се сретнат со Грабала Д’Хат (Снајдер), најновата сопственичка на мистериозен и застрашувачки замок на Дарт Вејдер. Откако го купила замокот, Грабала решила и да го реновира и трансформира во туристичка атракција и првиот инклузивен луксузен хотел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Star Wars Time (@starwarstimeshow)

Но, нешто сомнително „мириса“ во воздухот и се чини дека многумина на планетата сè уште им служат на Сит и го очекуваат нивното враќање.

Додека чека да се поправи неговото Х-крило, По Дамерон, заедно со ББ-8, Грабала и Дин (Алехандро), храбрто младо момче кое работи како нејзин механичар, ќе решат да го истражат морничавиот замок. Ним ќе им се придружи и лојалниот слуга на Вејдер, Вани (Хејл).

За време на нивната „авантура“, Вани споделува три страшни приказни поврзани со антички артефакти и познати монструозни фигури што ги одбележале сите епохи на „Војна на ѕвездите“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @archdukebellevue

Гледајќи дека вниманието на нашите херои е целосно насочено кон приказните, злобниот Вани го искористува моментот и ги намамува во најтемниот дел на замокот, каде се крие мрачна сила која се заканува дека ќе се ослободи.

Единствената надеж за спас на Мустафар е Дин, По и ББ-8 да ги здружат своите сили. Сега тие ќе мораат да најдат начин да се соочат со своите стравови, да го спречат злото да ја уништи планетата, да избегаат и да им се вратат на своите пријатели.

 Совршена атмосфера за Ноќта на вештерките

Епизодата „Застрашувачки приказни“, ќе биде премиерно прикажана на Ноќта на вешетрките на 1ви октомври. Напишана е од Дејвид Шајн, кој наедно е и извршен продуцент, додека пак режисерската палка се најде во рацете на Кен Канингам.

Гласовната актерска екипа ги вклучува Кристијан Слејтер, Тони Хејл, Џејк Грин, Дана Снајдер, Тревор Девал, Мери Елизабет МекГлин, Мет Слоун и Рафаел Алехандро.

Слејтер ќе го игра ликот Рен, за кој се претпоставува дека не е ист со Кајло Рен, додека пак Мет Слоун уште еднаш ќе ги преземе двојните улоги на Дарт Вејдер и царот Палпатин.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Амбасадорите на Квинта на средба со Вучиќ, се бара деескалација на кризата

Следно

Арсовска ја презентираше програмата 15+1 за подобар живот во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian