Кушан го напушти Е. Пелистер, ќе му биде соиграч на Миркуловски

1 min read

Е. Пелистер ја известува јавноста дека бундеслигашот Вецлар ја плати откупната клаузула од договорот на ракометарот Томислав Кушан, кој беше обврзан на договор со битолскиот клуб до јуни 2022 година.

Ракометарот доби „зелено светло“ да замине во Германија на медицински прегледи и потпис на договорот со Вецлар.

РК Е. Пелистер му се заблагодарува на Кушан за професионалноста во периодот во кој го носеше дресот на клубот и му посакува многу успех во понатамошната кариера. Исто така благодарност и до германскиот клуб за коректниот однос.

Во периодот поминат во Битола, Кушан го освои Суперкупот на Македонија и пак заигра за националната репрезентација на Хрватска.

Кушан во Вецлар ќе му биде тимски колега на нашиот репрезентативец Филип Миркуловски. Моментно во Бундеслигата после пет кола Вецлар е на 12 позиција со три бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

Следно

Амбасадорите на Квинта на средба со Вучиќ, се бара деескалација на кризата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian