Исланд сепак без женско мнозинство во парламентот

1 min read

Во исландскиот парламент, сепак, ќе доминираат мажи, објави државната телевизија РУВ.

Прелиминарните резултати, објавени доцна во неделата, покажаа дека 33 жени се избрани во парламентот со 63 места, што го прави Исланд прва земја во Европа со мнозинство жени во парламентот.

Последователно пребројување на гласовите, сепак, покажа дека нив ќе ги има 30.

Сепак, тоа се дури 24 жени пратеници повеќе од претходните избори, пишува Ројтерс.

Според извештајот на Светскиот економски форум (ВЕФ), Исланд, кој има 371.000 жители, веќе 12 години по ред е оценет како највисока полово-еднаква држава.

Според Интерпарламентарната унија, само Руанда, Куба и Никарагва имаат повеќе жени отколку мажи во парламентот, додека Мексико и Обединетите Арапски Емирати имаат поделба 50/50.

Во Европа, Шведска и Финска имаат 47 проценти, односно 46 проценти, од жените во парламентот.

Исланд ја претрка Шведска, има мнозинство жени во законодавниот дом

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Возачите во Скопје прават прекршоци, полицајците казнуваат и по стотици во еден ден

Следно

Дваесетина пациенти на Инфективната клиника ги примиле скапите ампули со кои Доналд Трамп се лекуваше од ковид: Резултатите оставаат без збор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian