Холивудскиот актер Ричард Гир ќе сведочи во судскиот процес против лидерот на италијанската партија „Лига“, Матео Салвини, кому ќе му се суди за „киднапирање и неизвршување службена должност“, пишува весникот „Ла Република“.
Салвини е обвинет дека во 2019-та година, кога беше министер за внатрешни работи, забранил бродот на хуманитарната организација „Отворени раце“ со 164 мигранти да се закотви во италијанското пристаниште, а потоа се дозна дека меѓу екипажот бил и Ричард Гир, кого Салвини тогаш му рекол „да ги однесе мигрантите во неговата луксузна холивудска вила“.
Гир на прес -конференција рече дека „политичарите ги демонизираат очајните луѓе наместо да им помагаат на мигрантите и дека тоа мора да престане“.
Салвини го опиша како „обид да се претвори процесот во спектакл“.
“Го познавам Гир како актер и не разбирам каква поука за нашите правила и закони, за нас Италијанците, странец може да даде. Ако се видиме, ќе му побарам автограм за мајка ми”, рече Салвини.
Судењето на лидерот на партијата „Лига“, Салвини, е закажано за 23 октомври пред судот во Палермо.