ГАЛЕРИЈА: Духовит уметник гледа разни форми во мапите на државите

1 min read

Таму каде што повеќето луѓе гледаат здодевни неправилни форми, јутјуберот Zackabier со помош на своето уметничко око и доста креативност, „гледа“ најразлични форми, слики и сцени.

Неговиот најпознат проект се занимава со географските форми на државите во нивните граници. Консултирајќи се со своите фанови околу тоа на што личи секоја држава, тој изработува духовити слики, а во неговите замислени форми на државите доминираат животните.

Освен најочигледната, италијанската „чизма“, тука се „кокошката“ од Словенија, српскиот „змеј“, финскиот „кит“, „мачката“ од Бугарија…

Италија / фото: Zackabier/Јутјуб
Финска / фото: Zackabier/Јутјуб
Србија / фото: Zackabier/Јутјуб
Велика Британија / фото: Zackabier/Јутјуб
Словенија / фото: Zackabier/Јутјуб
Латвија / фото: Zackabier/Јутјуб
Бугарија / фото: Zackabier/Јутјуб
Русија / фото: Zackabier/Јутјуб

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Фудбалски тренер во Италија го удри главниот судија, а потоа се извини

Следно

Бројот на убиства во САД зголемен за 30 отсто во 2020 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian