Дојава за можен напад над Руте, полицијата ја зајакнува безбедноста на премиерот

1 min read

Холандија ги засили безбедносните мерки во близина на премиерот Марк Руте, откако полицијата доби извештај за можен напад од криминалци поврзани со трговија со дрога, објави денеска дневниот печат.

Иако вооруженото насилство е ретко во Холандија, насилството поврзано со трговијата со дрога стана вообичаено во последниве години, пренесува Ројтерс.

Неименуван владин извор го потврди пишувањето на дневниот весник „Де Телеграф“.

Холандските безбедносни служби одбија да ги коментираат овие наводи.

Премиерот Марк Руте, запрашан за извештајот, им рече на новинарите дека „безбедноста и заштитата се прашања за кои никогаш не треба да се зборува јавно“.

Според Ројтерс, премиерот често се гледа како вози велосипед од својата куќа до владините згради во Хаг, а честопати му се обраќаат минувачи кои сакаат да се сликаат или да разговараат со него.

Во последниве месеци, неколку лица низ земјата беа осудени на кратки затворски казни за закани на министри и пратеници.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Симболичен почеток на Тимчо во Аеродром: 7 дрва засадени, за број 7 и 7 клучни проекти

Следно

Стигна третата пратка на апаратите за отпечаток од прст

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian