„Дан Кју“ со два медали на меѓународниот џиу џица турнир во Јахорина

1 min read

На меѓународниот џиу џица турнир „Трофеј Јахорина 2021“ што се одржа во саботата на 25 септември во Јахорина, Р. Српска, клубот „Дан Кју“ кој го претставуваа двајца истакнати борци се закитија со медали.

Катерица Ацевска (У18) во категоријата +70 кг успеа да го освои златниот медал. Исто така Ацевска го освои пехарот за „Најперспективен женски борец“.

А до сребрен медал дојде Јоаким Колевски (У16) во категоријата -66 кг.

Воедно клубот го освои пехарот за најоддалечен клуб кој земал учество на овој турнир, (1400 километри).

– Благодарност до Ицо Колевски и Виктор Велинов за целокупната поддршка – информираат од Клубот за боречки вештини „Дан-Кју“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Коцарев: Денешните политичари слугуваат на дневно-политичките и геостратешки интереси

Следно

Радев: Го повикувам Борисов да се кандидира за претседател на Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian