Амбасадорите на Квинта на средба со Вучиќ, се бара деескалација на кризата

1 min read

Амбасадорите на Квинта денеска побараа „деескалација на кризата“ на северот на Косово на средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белград, објави неговиот кабинет.

На средбата со амбасадорите на САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија и шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Вучиќ „ја објасни позицијата на Србија“, се наведува во соопштението.

„Посветени сме на зачувување на мирот и почитување на бриселскиот договор, но нема да дозволиме понижување ниту на Србија, ниту на нејзините граѓани“, рече Вучиќ.

Осми ден по ред, Србите од Косово ги блокираат патиштата кон премините Јариње и Брњак, преку кои може да се помине само пеш. Тие го започнаа протестот кога владата во Приштина испрати специјални сили на косовската полиција во Јариње и Брњак со цел да се спроведе одлуката за конфискација и замена на српските регистарски таблички.

Поради ситуацијата на северот на Косово, Армијата на Србија е во состојба на зголемена борбена готовност, а нејзините борбени авиони во изминатите три дена во повеќе наврати ја надлетуваа областа во близина на преминот Јариње.

Припадниците на српската армија денеска се два километри од Јариње, а хеликоптерите на КФОР во два наврати во последниот час прелетаа преку премините Јариње и Брњак и северно од Косово, соопшти РТС.

 

Извор: Бета.рс

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кушан го напушти Е. Пелистер, ќе му биде соиграч на Миркуловски

Следно

„Лего Војна на ѕвездите“: Подгответе се за „Застрашувачки приказни“ во мрачниот замок на Вејдер за Ноќта на вештерките

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian