За Депај бараат 500 милиони евра, а можно е да се повтори сценариото со Меси

1 min read

Барселона е доведена до работ на банкрот поради очајниот бизнис, и се чини дека продолжува со лошата политика. Сега е откриено дека најдобриот напаѓач од оваа сезона би можел да го напушти клубот веќе следното лето.

Мемфис Депај пристигна од Лион како слободен играч, тој е главната точка во нападот на Барса, но тој потпиша договор на „само“ две години.

Неговиот важечки договор важи до летото 2023 година, а откупната клаузула за Холанѓанецот е вредна 500 милиони евра.

Шпанската „Марка“ открива дека играчот одбил да вклучи клаузула „+1“ во договорот, што би му овозможило на клубот да го задржи уште една година доколку задоволи со игрите.

Клубот сака да види како Депај ќе се покаже оваа сезона, и доколку на крајот од натпреварувачката година не сака да го продолжи договорот, ќе мора да го продаде.

Куман ја дозна казната за црвениот картон, повеќе не се враќа на клупата на Барселона?

Клубот од „Камп Ноу“ е во огромни долгови и не сака да загуби повеќе играчи како што се случи со Лионел Меси, без никаков надомест.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: По самоизолацијата, Путин на одмор во Сибир

Следно

Oсум бебиња починале од последици на задушување, компанијата повлекува три милиони перници од продажба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian