ВИДЕО: Поплавени улиците во Загреб поради пукната цевка

1 min read

Утрово, нешто пред шест часот, жителите на округот Трешњевка Север во Загреб се разбудија од поплава предизвикана од пукање на водоводна цевка во улицата Селска.

„Вечерњи лист“  пишува дека поради пукната цевка, „водата се излеала по улиците и го издигнала асфалтот на поплавените улици во Загреб“.

Информираат дека има огрома штета во многу домаќинства. Поплавени се бројни подруми, а пожарникарите и другите комунални претпријатија се на терен за да им помогнат на граѓаните да испумпуваат вода од поплавените простории.

Најтешка е ситуацијата во улицата Селска и околните улици низ кои водата тече поројно. Просториите на ФК Трешњевка беа поплавени, а водата стигна до спортската сала Трешњевка, попозната како Кутија за кибритчиња.

Сообраќајот на улицата Селска беше прекинат бидејќи водата го крена асфалтот и потребно е да се изврши темелна санација на коловозот.

Граѓаните се загрижени бидејќи водата се уште тече и се прашуваат зошто главната цевка не е затворена. Поплавата започнала околу два часа по полноќ, но вентилот е затворен дури во осум часот утринава.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Миовски помеѓу најдобрите стрелци сезонава во Унгарија

Следно

Нема среќа во љубовта: Том Круз ја прекина врската со 20 години помладата актерка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian