ВИДЕО: Николов со нов гол во Молдавија пред мечот со Реал

1 min read

Во рамките од 12 коло во најсилното првенство на Молдавија составот на Шериф Тираспол како гостин со убедливи 0:7 триумфираше кај Динамо-Ауто.

Стрелец на еден од погодоците беше и новото засилување, македонскиот репрезентативец Бобан Николов во 70 минута од средбата за зголемување на предноста на 5:0.

За нашиот интернационалец (кој во игра влезе од 60 минута) ова е веќе втор погодок за својот нов клуб во два настапи, претходно стрелаше и во ремито со Зимбру 

Оваа добра форма на Николов е секако и добра вест за селекторот Благоја Милевски пред новите квалификациски мечеви за СП во октомври со Лихтенштајн и Германија.

Македонецот се очекува повторно да добие минутажа и во Лигата на шампионите, во вторник му гостуваат на Реал Мадрид.

Моментно Шериф Тираспол во молдавскиот шампионат е на третата позиција со 19 бодови, пет помалку од водечкиот Милсами, но и два меча помалку.

Спировски со гол дебитираше за Мариупол

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев со семејството ја исполнија граѓанската должност и законска обврска кон Пописот 2021

Следно

МНР на Албанија: Србија да ги повлече вооружените сили и страните да се вратат на дијалогот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian