ВИДЕО: Миовски помеѓу најдобрите стрелци сезонава во Унгарија

1 min read

Македонскиот репрезентативец продолжува со одличните настапи во дресот на МТК во најсилното унгарско фудбалско првенство…

Бојан Миовски во саботата во самиот финиш од натпреварот му донесе важен триумф на неговиот клуб против Мезоковешд (1:0).

Нашиот интернационалец кој го одигра целиот меч го постигна голот во 90 минута од средбата на стадионот во Будимпешта. Голот можете да го погледнете ТУКА

Екипата на МТК е на петтата позиција со 10 бодови, пет помалку од лидерот Кишварда кој има и меч помалку.

Миовски од досега седум запишани настапи во тамошниот шампионат има вкупно четири голови.

Моментно Македонецот е на делба на третата позиција на листата најдобри стрелци во Унгарија, пред него по пет погодоци имаат Адам и Сајбан од редовите на Пакси, и Лукиќ од Хонвед, додека лидер е Уграи од Дебрецен со шест голови.

Спировски со гол дебитираше за Мариупол

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Филипче: Од утре почнува вакцинацијата со трета доза кај одредените групи лица

Следно

ВИДЕО: Поплавени улиците во Загреб поради пукната цевка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian