ВИДЕО: Македонскиот репрезентативец Ристовски прв стрелец во словачката лига

1 min read

Во прав момент Милан Ристовски ги продолжува одличните настапи за екипата на Трнава пред новите репрезентативни обврски во октомври.

Неговиот клуб триумфираше убедливо денеска на гостувањето кај Дунајска Стреда со резултат 0:3, а голем придонес во победата имаше македонскиот напаѓач.

Гол-серијата ја започна бразилскиот интернационалец Кабрал во четвртата минута, а нашиот 23-годишен напаѓач го дотолчи противникот со два гола во 42 и 66 минута од средбата.

Ристовски во девет настапи веќе има пет голови и се наоѓа на врвот на листата најдобри стрелци во најсилниот словачки шампионат заедно со Кадак од Тренчин и Сукиса од Сеница.

За Трнава ова е трета победа по ред, шеста сезонава и моментно со Слован Братислава на табелата го дели врвот со по 20 бодови.

Спировски со гол дебитираше за Мариупол

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Невакцинираните доктори во Њујорк ќе бидат заменети со припадници на Националната гарда и пензионери

Следно

Протест во Подгорица против вакцините и ковид мерките

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian