Украинскиот боксер Александар Усик е нов светски шампион во тешка категорија, во верзиите ВБО, ВБА, ИБФ и ИБО.
Усик со едногласна одлука на судиите, успеа да го победи Британецот Ентони Џошуа на стадионот на Тотенхем во Лондон пред 70.000 навивачи.
Долг период Украинецот беше неприкосновен во крузер категоријата, а во тешка категорија го оствари само третиот триумф.
Без пораз е во професионалниот ринг, а против Џошуа запиша 19 победа во својата професионална кариера.
Британецот го претрпе вториот пораз, досега во 24 борби беше победник.
What a finale! 💥#JoshuaUsyk pic.twitter.com/ZMFNunGO7B
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) September 25, 2021