ВИДЕО: Димитриевски и Рајо се пријатно изненадување во шпанската „Ла Лига“

1 min read

Рајо Ваљекано имаше слаб старт во новата сезона од најсилното шпанско првенство со два порази, но во последните пет мечеви фудбалерите на тренерот Андони Ираола играат многу подобро.

Денеска на домашен терен дојдоа и до третата победа по ред во „Ла Лига“ откако со 3:1 триумфираа над Кадиз.

Поведоа домаќините уште од деветтата минута со голот на Гарсија, а гостите израмнија во 23 минута преку Харојан.

Новото засилување Фалкао во 44 минута стрелаше за враќање на предноста на Рајо, Колумбиецот уште еднаш докажа дека ќе биде клучен играч во составот на Ираола.

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски го одигра целиот меч за домаќините, а конечниот епилог беше поставен во 87 минута со погодокот на Палазон.

После четвртиот триумф сезонава Рајо е на петтата позиција со 13 бодови, четири помалку зад водечкиот Реал Мадрид, додека Кадиз е на 14 место со шест бодови.

Во следното коло Рајо Ваљекано на 2 октомври ќе гостува кај Осасуна, а Кадиз истиот ден е домаќин на Валенсија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Изборите во Германија ги доближија Мицкоски и Филипче

Следно

ФОТО | Меган Маркл се појави во фустан од 4.500 долари и обетки од 16.500 долари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian