ВИДЕО: Арсенал за едно полувреме го „прегази“ Тотенхем

1 min read

Фудбалерите на Арсенал убедливо го совладаа Тотенхем со 3:1 на стадионот „Емирати“ во Лондон во шестото коло од Премиер лигата. За Арсенал ова е веќе трет триумф по ред, а за Тотенхем трет пораз во низа.

Работата на „топџиите“ беше завршена практично уште во првото полувреме. Арсенал реализираше три гола за половина час во мрежата на Уго Љорис за половина час и оствари голема предност.

Првиот гол на натпреварот го постигна Емил Смит Роу, по прецизното додавање на Сака. Роу лесно ја смести топката во мрежата за 1:0.

Поминаа 15 минути кога Обамејанг ја зголеми предноста, а Роу овојпат беше асистент. Арсенал продолжи со доминацијата на теренот, Сака тргна во контра и лесно го совлада Љорис за убедливи 3:0.

Домаќините го задржаа високиот резултат, додека Тотенхем се закануваше особено преку Кејн, но без успех. На крајот, јужнокорејскиот интернационалец Сон само успеа да го ублажи поразот на својот клуб.

По почетните три порази во Премиер лигата, Арсенал започна со серија победи, и со денешната сега има три.

Екипата на Артета сега е на 10 позиција со девет бода, иако до неодамна беше во зоната за испаѓање, додека Тотенхем е на 11 место со ист број бодови, но со неверојатна гол разлика од четири постигнати и девет примени голови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Заев и Мицкоски повторно на иста маса, но во лабава атмосфера

Следно

ФОТОГАЛЕРИЈА | Цветната оаза на Марина и Томче во село Волкодари: Жена со секогаш миризливи дланки и цветови во очите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian