Трагедија на Козјак: Маж почина по превртување на чамец

1 min read

Вчера во 17.40 часот во Полициската станица Македонски Брод, А.Д., пријавил дека, додека со чамец ловеле риба на езерото Козјак заедно со Б.Л.(55) од с.Пополжани, кичевско, чамецот се превртел.

Според пријавеното, А.Д. останал на чамецот и дошол до брегот, а Б.Л. пливал, но на околу 30 метри пред брегот потонал во водите на езерото.

Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за пронаоѓање на Б.Л. и за расчистување на случајот.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТОГАЛЕРИЈА | Лидија Георгиева – Колекција ПЕЈСАЖ БР. 22: Одговорен однос кон планетата и животната средина

Следно

Гаф на кандидатот за канцелар на Германија: Лашет си го покажа гласачкото ливче, ќе му биде ли важечко?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian